Полусестрата на Меган Маркл ја објавува својата непријатна книга за војвотката

2021 година започнува на најлош можен начин за Меган Маркл: на 17 јануари во американските книжарници пристигнува многу очекуваната книга „The Diary of Princess Pushy’s Sisters Part“, а продолжението ветува уште погорливи откритија.

Мемоарите потпишани од Саманта Маркл, каприциозната полусестра на војвотката од Сасекс, секако беа напишани за да предизвикаат хаос во животот на Меган. Но, авторката веќе некое време се впушти во вистинска војна против поранешната актерка, која според неа е виновна за напуштањето на своето семејство, а особено на нејзиниот татко Томас.

Саманта истакнува дека книгата која содржи 330 страници за животот на принцезата Пуши, Дел 1, многу ќе ја задоволи кралицата Елизабета.

Саманта Маркл, 56 година е најстара ќерка на Томас. Книгата почнала да ја пишува во 2016 година, на почетокот на љубовната приказна на Хари и Меган. Во интервју дадено за британските медиуми, авторката го потврди концептот што стои зад напишаното, а тоа е дека „вистината е често поневеројатна од фантазијата“. Но, таа прецизираше дека ја напишала книгата земајќи предвид дека ќе биде прочитана и од кралското семејство: „Сакам да ги кажам фактите, но не сакам да навредам никого“, рече таа.

Саманта признава дека никогаш не била многу блиска со нејзината полусестра Меган, 39,  родена од вториот брак на нејзиниот татко Томас со Дорија Рагланд. Сестрите не се виделе, всушност, од 2008 година. веднаш по свадбата на Меган и Хари, Саманта ја нарече својата полусестра „социјална алпинистка со наклонетост кон црвенокоси мажи “.

Инаку, таа веќе ги пишува вторите мемоари, насловени „Во сенката на војвотката“ што ветува понатамошни непријатности за Меган.

x

Check Also

Меган Маркл пак ги разгневи „хејтерите“ со модниот изглед „тежок “ околу 326 илјади долари

Меган Маркл сè уште е во центарот на вниманието на „хејтерите“. Овој ...