Помфрит од морков, грицкањето е здрава и вкусна занимација! Еве како да го подготвите

Во времето на самоизолација, си наоѓаме најразлични грицки кои ни го разубавуваат денот, но добро е кога тие се здрави! Во помфритот од морков може да уживаме без грижа на совест.
Не се потребни многу намирници, веројатно сите веќе ги имате дома, а се подготвува брзо и лесно.
Состојки – 450 грама морков, 2 лажици маслиново масло, половина лажичка кумин (ако немате кумин може куркума), половина лажице црвен пипер, по желба може да наросите лук во прав, сол, црн пипер по желба.
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење. Излупете ги и исечкајте ги морковите, прелијте ги со маслиново масло и зачините, и наредете ги во тавчето.
Печете 20-на минути се додека краевите станат крцкави.

x

Check Also

Пилешко капрезе, плени со вкусот и комбинацијата

Нискокалоричен ручек кој плени со вкусот и комбинацијата. Намирници – 500 грама ...