Попис за пазарување, што се ни е потребно за 14 дена самоизолација?

Најлошото нешто што може да го направите во текот на глобалната пандемија на коронавирус е непотребно да натрупувате храна и други козметички производи во својот дом.

Еве што ви е неопходно и што навистина ќе користите.

  • Средство за дезинфекција на површините
  • Два сапуна се сосема доволни за одржување хигиена на рацете цели 14 дена
  • Пакет од 10 ролни тоалетна хартија
  • Паста за заби, гел за туширање, шампон
  • Производи за чистење на домот
  • Резервна батерија за далечинскиот управувач

Од неопходна храна потребно ви е:

  • Конзервирана храна како туна, сардини, грав, домати, ајвар, џем…Конзервираната храна има долг рок на траење, но сепак, не претерувајте со количините. Целта е да имате доволно храна на располагање за две недели, а не за две години.
  • Грав, леќа, боранија..Не заземаат место во замрзнувачот, а имаат долг рок на траење.
  • Тестенини и ориз
  • Килограм овесни снегулки ќе ви осигураат важни нутриенти за појадок
  • Млеко, јогурт.

x

Check Also

Што открива за вас вашата омилена чоколада

Која чоколада ви е омилена? Секој вкус открива по некоја човечка карактеристика. ...