Популарните чизмички UGG добија верзија со потпетица за есен/зима 2018

Убави изненадувања ни носи есенската кампања на UGG.

Кампањата е снимена на Менхетен бич во Калифорнија и ги претставува најновите модели на популарните чизмички и чевли. Миленичката на американската тинејџерска публика, глумицата Саша Лејн е главна ѕвезда во кампањата, а со неа позираат и моделот Лола Мекдонел и музичарката Клементин Криви.

Новостите во колекцијата, во која доминираат нежните пастелни бои, особено розовата нијанса, се сандалите и моделите – да, замислете си- со висока потпетица! Колекцијата вклучува и модели за деца.

Никогаш претходно UGG не биле толку слатки.

 

x

Check Also

Подготвувате вечера за Valentine’s Day или Св. Трифун? Имаме идеи како да ја уредите масата со стил!

Подготвувате вкусна вечера за утрешната прослава за Valentine’s Day? Или повеќе преферирате ...