Поради Денот на жалоста се откажува изведбата на мјузиклот MAMMA MIA!

Поради тешката сообраќајна несреќа, 14-ти и 15-ти февруари се прогласени за денови на жалост.
Изведбата на мјузиклот MAMMA MIA! која беше планирана да се изведе по повод денот на виното и вљубените на 14-ти февруари во 20 часот, се откажува поради прогласен ден на жалоста.
Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14-ти февруари, ќе важат за изведбата на 11-ти март.
НУ Македонски народен театар изразува длабоко сочувство до семејствата на загинатите.

x

Check Also

На кафе со #ЖениМК во Ланголо до дискусија која ги поставува темелите на општествениот напредок

Во Ланголо ди кафе, мал и пријатен локал веднаш до Амбасадата на ...