Поранешната сопруга на Ерос Рамацоти онлајн ги забавува фановите

Едно е сигурно: Мишел Хунзикер, поранешната сопруга на пејачот Ерос Рамацоти, која е позната водителка, знае да предизвика насмевка кај своите следбеници дури и во време на коронавирус.

По пнлајн-вежбите споделени со обожавателите, следуваа лекциите за пеење, но русокосата убавица не застана на тоа, туку сакаше да им ја покаже на фановите и нејзината смисла за хумор. И, изненадувачки, на семејната фотографија се појавува биртанското кралското семејство. Во дневната соба на куќата Трусарди, кралицата Елизабета пристигнала со принцот Филип, Чарлс и Камила, Вилијам и Кејт.

„Извинете дечки, ги прекршивме правилата … денес тие по секоја цена сакаа да дојдат на ручек со нас за да го пробаме специјалитетот „Кралско семејство”. И реков на кралицата да ги соблече чевлите и да ја облече маската, но немаше што да се направи! Англичани” напиша Мишел во својот пост споделен на Инстаграм, осврнувајќи се на правилата што треба да се почитуваат за време на коронакризата.

View this post on Instagram

Eccoci al completo. Questo sarà un ricordo indelebile….Siamo in quarantena dal 6.marzo qui a Bergamo tutti insieme. ❤️Ormai una famiglia allargata…Goffredo e Sara li vedo come dei miei figli acquisiti e quando tutto finirà, mi mancheranno da impazzire. Questa convivenza, questa esperienza così forte è difficile, ma ci ha uniti tanto. È nelle difficoltà, nello sconforto e nella sofferenza che si trova la vita che conta, i valori…quanti nostri amici hanno perso i propri genitori…quanti amici non riescono a vedere un futuro e temono di non riprendersi con la propria azienda..quante preoccupazioni per tutti…ma una cosa è certa…abbiamo davvero capito cosa vuol dire la frase: “l’unica cosa che conta è la salute”. Ora è il nuovo mantra e ce lo ricorderemo per sempre. Vi abbraccio ❤️❤️❤️ #quarantena #family #friends @therealauroragram @therealtrussardigram @saradanielee @kingcerz #sole #celeste #lilly #leone #italia

A post shared by Michelle Hunziker (@therealhunzigram) on

Швајцарската убавица, всушност, направила фотомонтажа на фотографијата споделена пред неколку дена на која се сите заедно во дневната соба, Мишел, нејзиниот сопруг Томасо Трусарди, нивните деца Соле и Селест и најстарата ќерка Аурора Рамацоти. Свршеникот на Аурора, Гофредо Черза и пријателката Сара Даниеле, се придружија на семејството за време на домашната изолација.

„Ние сме во карантин од 6 март, овде во Бергамо, сите заедно. Сега сме пошироко семејство … Гофредо и Сара ги гледам како мои нови деца и кога сè ќе заврши, лудо ќе ми недостигаат. Овој соживот, ова силно искуство е тешко, но нè обедини толку многу.“, пишува на оригиналната фотографија.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...