Поранешниот сопруг на Моника Белучи објави фотографија која го „запали“ Инстаграм

Францускиот глумец Вансан Касел (52) кој беше во брак до 2013 година со сексапилната италијанска глумица Моника Белучи, ги збуни фановите на Инстаграм, објавувајќи мистериозна фотографија. Фотографијата предизвика лавина прашања – која е девојката?

Која е девојката?

Обожавателите на Белучи и, секако, на Касел, се обидуваат да ја разрешат „мистеријата“. Која е девојката постирана на Инстаграм, а фотографирана во темнина? Фотографијата е направена од извесен Валако за време на одморот во Бијариц, на француското крајбрежје. Коментарите се бројни…кој е Валако? Дали е момче на девојката од фотографијата?

Веројатно, девојката на фотографијата е Дева, ќерката на Вансан и Моника, која се повеќе привлекува внимание на социјалните мрежи, но и во модниот свет. А можеби е другата нивна ќерка, Леони…Или пак, 22-годишната француска глумица Тина Кунаки, новата сопруга на Касел…-вакви се прашањата на фановите под Инстаграм постот. Мајката на Вансан, Сабин Касел, која е позната француска новинарка, коментирала на постот со зборовите “mon trésor” (моето богатство), а тоа дополнително ги вжешти коментарите и претпоставките.

Дева Касел

Како што обично е случај, прв и најголем фан на девојката во подем, е нејзиниот татко. А Дева Касел е сега подготвена да дебитира на голема врата со кампњата за новиот парфем на Долче и Габана. До тогаш, нејзините родители продолжуваат да ја чуваат нејзината приватност, односно Дева е во сенка. И можеби, оваа фотографија, направена во сенка, е само маркетиншки чекор од страна на нејзиниот татко. Очигледно, многу успешен.

x

Check Also

Еве ја темата и специјалните гости на Мет Гала 2020

Темата одбрана од Costume Institute за 2020 година за значајниот моден настан Мет ...