Портокаловиот омбре фустан од MANGO распродаден за 48 часа

Годинава на Мет Гала за првпат на црвениот тепих можеше да се види креација од Манго. Со оглед дека таквата чест до сега редовно беше резервирана само за луксузните брендови, шпанскиот „хај стрит“ бренд одлучи да се прикаже на најдобар начин.

Софија Санчез

Портокаловиот омбре фустан го носеше аргентинската инфлуенсерка Софија Санчез де Бетак, во комбинација со портокалови асиметрични чевли од Манго, на високи потпетици.

Овој моден изглед од Манго на важниот моден настан Мет Гала го привлече вниманието особено на познавачите на модата. Па не е воопшто чудно што истиот модел од колекцијата на Манго, кој тукушто беше пуштен во продажба, се распродал во рок од 48 часа, а формирана е и листа на чекање.

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...