Португалија е прогласена за најдобра европска дестинација

Читателите на најпопуларното списание за патувања „Conde Nast Traveler“ ја прогласија Португалија за најдобра европска дестинација како и за една од најдобрите земји на годината заедно со Индонезија и Тајланд.

Од 15-то место, само за една година Португалија „скокна“ на третото место во свет, според читателите на Conde Nast Traveler.  Ова рангирање ни дава преглед за најдобрите дестинации оваа година кои вредат да се посетат.

На листата на најдобри се најдоа и Индонезија – која е на прво место, и Тајланд на второ место. Португалија пак е на првото место што се однесува до европските земји. Зад неа се Шри Ланка и Јужна Африка.

 

x

Check Also

Будва – лето кое трае

Доколку досега не сте ја посетиле Будва во септември или октомври, тоа ...