Посебна евровизиска безбедносна зона за Мадона и нејзината придружба

По потпишувањето на договорите, веќе е потврдено, поп ѕвездата Мадона ќе настапи на евровизиската бина во Тел Авив, во сабота, на 18-ти мај.

Познати се и песните кои ќе ги изведува Мадона в сабота. Првата ќе биде добро познатата Like a prayer, а  другите две ќе бидат песни од новиот албум,  Future ( со учество на раперот Quavo) и Dark Ballet (со вметнати цитати како хаштази од нејзините профили на социјалните мрежи).

Безбедноста на Мадона, според договорот, содржи и точки во кои во „евровизиската зона“ ќе биде инсталирана специјална зона за ѕвездата која ќе вклучува и соби за целата нејзина екипа. Тимот ќе содржи 25 балерини, 40 хористи, еден кореограф и технички директор.

Инаку, Мадона пристигнала во Тел Авив со приватен авион во сопственост на израелски бизнисмен со канадско потекло, Силван Адамс кој е воедно и спонзор на евровизискиот фестивал во Тел Авив.

Не е исклучено дека за време на престојот во Израел, Мадона, која е инаку следбеничка на еврејскиот ‘Kabbalah’, ќе се сретне со премиерот Венјамин Нетанјаху и со неговата сопруга Сара.

 

x

Check Also

Изглед на денот: Селена Гомез во фустан од новата колекција на Версаче

На доделувањето на Американските музички награди, вниманието го украде пејачката Селена Гомез, ...