Посен и брз десерт – Обланда со крем од лешници и чоколадо

Идеја за посен десерт – пробајте ја вкусната обланда која се подготвува брзо и без да ви треба вештина во кујната.

Потребни намирници – 1 кора за обланди, 250 грама лешници, 250 грама маргарин, 100 грама шеќер во прав, 100 грама шеќер, 200 грама чоколадо за готвење, ќесичка ванилин шеќер, лажица џем од кајсии.

Подготовка

Мелените лешниви пропржете ги со малку вода, додадете го шеќерот, а кога ќе се олади додадете и половина од маргаринот. Се добро измешајте. Другата половина од маргаринот убаво изматете ја, па помешајте ја со шеќерот во прав и изренданото чоколадо. Обландата тенко премачкајте ја со џемот, па врз неа ставете го филот од лешници, а преку него – филот од маргаринот.

Изладете ја во фрижидер, па исечете ја на коцки.

x

Check Also

Рижото со морски плодови во сос од бело вино

Сезоната на потопли денови бара и полесна храна. Подгответе го рижотото со ...