Посен колач што се топи во уста – Царски коцки

Барате идеја за посни вкусни колачи? Пробајте ги царските коцки за царско задоволство.

Потребни намирници 

за кората – 100 грама маргарин, 12 лажици шеќер, 8 лажици мелени ореви, 200 мл кисела вода, 300 грама брашно и прашок за пециво.

за филот – 250 гр маргарин, 150 грама шеќер во прав, 150 гр посни мелени кекси, рендана кора од лимон, 22о грама шеќер, 100 мл вода, 200 грама мелени ореви, 200 грама посна чоколада и ќесичка посен шлаг.

Подготовка

Со лажица изматете го шеќерот со стопениот маргарин, орасите, киселата вода, брашното и прашокот за пециво. Смесата претурете ја во плех обложен со хартија за печење, па печете во рерна на 180 степени околу 30 минути.

Маргаринот пенесто изматете го со шеќерот во прав, додадете ги мелените кекси и ренданата кора од лимон. Во друг сад загрејте го шеќерот со водата. Кога ќе се стопи шеќерот, вмешајте ги парчињата чоколада и мелените ореви, добро измешајте, изладете и соединете ја смесата со првата смеса. Доколку смесата е прегуста, дотурете малку кисела вода.

Кората премачкајте ја со тенок слој од изматениот шлаг, нафилувајте, премачкајте со шлаг и украсете по желба.

x

Check Also

Хармоника тиквички, мора да ги пробате!

Тиквички подготвени на поинаков начин. Уживајте во неповторливиот вкус. Од намирници потребно ...