Посен ролат од ореви по старински рецепт

Направете вкусна слатка „салама“ од ореви која ќе биде одлична на празничната трпеза.

Намирници потребни – 250 гр шеќер, ќесичка ванилин шеќер, 300 гр мелени ораси, 100 гр мелени посни кекси, 2 лажици какао во прав.

Подготовка

Промешајте го шеќерот со ванилата и со малку вода, додадете ги оревите и кексите, па поделете на два дела. Во првиот дел, ставете го какаото, а другиот дел нека остане бел. Истегнете ја темната кора и преку неа ставете је белата, па завиткајте ја во ролат. На крајот исечете на кришки.

x

Check Also

Посни бомбици од бадеми и портокали

Ви требаат идеи за посни слатки? Еве една прекрасна која се подготвува ...