Посен солен ролат со спанаќ и печурки

За оние кои постат, еве една супер идеја за појадок, ручек или вечера.

Потребни намирници- 400 грама компири, 100 грама спанаќ, 100 грама ориз, 2 моркови, китка магдонос, 100 грама шампињони, пола лажичка сладок црвен пипер, пола лажичка лук во прав, 3 ченчиња лук, 50 грама кечап, 100 грама сусам.

Подготовка

Компирот и спанаќот обарете ги во солена вода, исцедете и испасирајте. Додадете ги зачиние, па смесата ставете ја на фолија наросена со сусам и развлечете го тестото од компир и спанаќ со оклагија. Сварете ги морковите, исечкајте ги на коцкички и помешајте ги со сварениот ориз. Посолете по вкус, додадете сечкан магдонос, црвениот пипер, лукот и ситно исечканите шампињони. Со смесата филувајте ја кората од компир и спанаќ. Потоа, завиткајте ја кората во ролат и оставете ја во фрижидер да отстои два часа. Пред послужување украсете ја со кечап.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...