После цветот, жената е најбожанствена креација (Погледнете го овој црвен фустан од Кадора)

Убавината, миризбата, шармот,новиот почеток, романтиката, се оние карактеристики кои ја поврзуваат жената со цветовите. Нашата цел на постоење не се светските трендови, не е модата која бледее како што знаеше да каже големата Коко Шанел. Стилот е тој кој останува вечен.

Кадора сака да и овозможи на секоја жена да се чувствува супериорно, романтично, сензибилно, шармантно и пред се удобно носејќи ги креациите на Кадора.

Нашата цел е да ја истакнеме дамата, елегантноста со совршен крој, префинети материјали споени во уникатен дизајн со длабоко врежан белег на Кадора.

Жената е хоризонт каде што се спојува небото и земјата.-велат дизејнерките од Кадора.

Да бидеме искрени, животот е многу краток за носење здодевна и еднолична гардероба.

Софистираните креациите на Кадора ќе ви овозможат да бидете незаменливи, затоа секогаш мора да бидете различни! А дизајнерките од Кадора, тука се, за да ви излезат во пресрет.

Модното студио „Кадора“ се наоѓа зад зградата на Сојузот на синдикати на Македонија

 

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...