После зимата секогаш доаѓа пролет: Џон Галијано се врати!

Маргиела Пролет 2015

После дождот секогаш доаѓа сонце. Ако не верувате во оваа изрека, погледнете во Џон Галијано.

g2

По четири години во егзил откако беше отпуштен од „Кристијан Диор“, 54-годишниот дизајнер официјално се врати на модната сцена со своето деби за Мејзон Мартин Маргиела. Ревијата се одржа во Лондон, а на неа присуствуваа околу 100 гости, вклучувајќи ги и долгогодишните пријатели на креаторот, како на пример Кејт Мос, но и колегите дизајнери Албер Елбаз, Маноло Бланик, Кристијан Лубутен, Никола Формакети и Кристофер Бејли.

g4

Извонредно изработена колекција, вешто искомбинирана, и навиката на Галијано да внесе театралност во секоја ревија – се е повторно тука!

Убедливиот аплауз после шоуто говореше само едно: Галијано се врати!

g5

g3

g1

x

Check Also

Внимавајте со диетите: Метаболизмот е побавен со секој загубен килограм!

Најтешко слабеат оние кои сакаат да „симнат“ малку килограми, поточно 2 – ...