Последниот моден предизвик на Меган Маркл во Лондон, облечена во најомилената модна марка на Кејт Мидлтон

Последното појавување во јавност во Лондон, на поранешената глумица и принцот Хари, се случи вчера на мисата во Вестминстерската катедрала, по повод одбележувањето на Денот на Комонвелтот.

За оваа прилика Меган носеше креација од најомилениот бренд на Кејт Мидлтон, Емилија Викстид, дизајнерка од Нов Зеланд со седиште во Лондон.

Зелената креација всушност е дел од колекцијата есен/зима 2020, а бојата е супертрендовска – смарагдно зелена.

Изгледот е надополнет со шапка од Чамберс, чантичка од Габриела Херст и чевли од Аквацура.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...