Последно полуфинале – Мис на Македонија 2016 за Мис Глоуб

В петок (4-ти ноември) во клубот Селект во Струмица ќе се одржи последното полуфинале од изборот на Мис на Македонија 2016 за Мис Глоуб, а во сабота ќе се случи големото финале во хотел-ресторанот Александар Парк во Виница каде ќе се претстават кандидатките од цела Македонија.
Победнички од првото полуфинале

Победнички од првото полуфинале

Победничката од финалето ќе ја претставува Македонија на изборот Мис Глоуб 2016 кој ќе се одржи во ноември во Тирана, Албанија, а придружничките – на други интернационални избори за кои Модното студио Црнокрак поседува лиценци.
Минатата година победи 21-годишната Елена Анѓеловска која подоцна, на изборот на Мис Глоуб 2015 во Торонто, Канада, ја освои титулата втора придружничка во конкуренција на 65 девојки од исто толку држави од целиот свет.
x

Check Also

Овој петок концерт на Лозано во Скопје Сити Мол!

Skopje City Mall со задоволство го најави нивниот следен концерт, а тоа ...