Посна и брза пита со праз и компир

Вкусен рецепт за оние кои постат.

Од намирници потребно е – 12 готови кори за пита, малку зејтин, 3 праза, 2 поголеми компири, малку зачин по желба, сол.

Подготовка

Празот исечкајте го на кругови и пропржете го на малку масло. Додадете ги изренданите компири, па и нив малку пропржете ги. Додадете зачин по желба (или само сол и црн пипер). Прострете една кора, малку наросете ја со зејтин, потоа другата, третата и четврта кора со истата постапка. Одгоре распоредете ја смесата со пржен праз и компир, свиткајте ги краевите на корите и потоа направете ролат. Премачкајте го ролатот со малку масло и печете на 180-200 степени околу 35-40 минути.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...