Посна салата од компир и моркови

Барате инспирација за вкусно посно јадење? Пробајте ја оваа салата.

Потребни намирници – 1/2 килограм компири, 200 грама сенф, 4 помали главици кромид, 3 варени моркови.

Подготовка

Излупете го и сварете го компирот, потоа сварете ги и морковите. Водата од варениот компир сочувајте ја, а во посебен сад испасирајте го компирот и морковите. Потоа добро измиксајте ги заедно. Излупете го и ситно исечкајте го кромидот, па продинстајте го во водата во која се вареше компирот. Кога кромидот малку ќе омекне, спојте го со смесата од компири и моркови. На крајот додадете го сенфот и уште малку матете со миксер. Декорирајте со магдонос.

x

Check Also

Пилешко капрезе, плени со вкусот и комбинацијата

Нискокалоричен ручек кој плени со вкусот и комбинацијата. Намирници – 500 грама ...