Посна торта од јагоди

Се подготвува брзо и едноставно, а оваа посна торта ќе ги задоволи критериумите и на најпребирливите сладокусци.
Од состојки потребни се – 1,2 л сок од јагоди, 3 кесички пудинг од јагоди, 1 кг посен мелен бисквит, 250 гр маргарин, 150 гр шеќер во прав, 300 грама јагоди, 3 кесички пудинг од карамел, 1 л вода, 2 кесички (растителен) шлаг.
Подготовка 
Во 800 мл сок од јагоди сварете го пудингот и изладете го. Маргаринот изматете го со шеќерот во прав, па половина соединете со пудингот и во тоа измешајте ги исечканите јагоди.
На ред е – пудингот од карамел. Сварете го со вода и кога ќе се излади помешајте го преостанатиот изматен маргарин.
Потоа, бисквитите натопете ги со остатокот од сокот.
Во калап за торта редете ред натопени кекси, преку нив ставете фил од јагоди и оставете малку да се стврдне. Преку филот нанесете втор слој од кексите и премачкајте ги со филот од карамел.
Целата торта премачкајте ја со изматениот шлаг со додаток од сок од јагоди.
Готовата торта украсете ја со бадемчиња и јаготки.

x

Check Also

Карфиол во сос од кашкавал, превкусно!

Ако го сакате карфиолот, тогаш комбинацијата со растопен кашкавал мора да ја ...