Посни ќофтиња од грав

Продолжуваме со идеи за посни јадење. Денес, пригответе вкусни посни ќофтиња од грав.

Намирници – грав, малку масло, праз, сусам, сол и црн пипер.

Подготовка 

Обарениот грав исцедете го од водата и со раце добро изгмечете го. Посолете па правете топчиња (ќофтиња). Исечкајте го и пропржете го празот на малку масло, наросете црн пипер, па празот распоредете го на тепсијата. Врз него наредете ги ќофтињата од грав, наросете врз нив сусам, поклопете и печете. Во текот на печењето контролирајте ќофтињата да не загорат.

x

Check Also

Летна тава од рерна: Тиквички со пармезан и јогурт

Повкусно и не може да биде. Лесно летно главно јадење карактеристично се ...