Посни колачиња: Панфорте со суви смокви, лешници и бадеми

Прекрасен италијански посен колач кој дава свечена нота на трпезата.

Потребни намирници – 150 грама шеќер, 80 грама брашно, 150 грама мед, 200 грама суви смокви, 100 грама печени лешници, 125 грама бланширани бадеми, 100 грама посна црна чоколада, рендана кора од портокал, шеќер во прав, по прстофат ѓумбир, мускатно оревче и цимет, посен маргарин.

Подготовка

Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и премачкајте ја со посен маргарин. Во сад ставете го брашното, додадете ги зачините, целите лешници и бадеми, иситнетото чоколадо, ренданата кора од портокал и сечканите смокви, па добро измешајте. На умерена температура истопете ги медот и шеќерот, гответе пет минути без мешање. Карамелот прелијте го преку припремената смеса, брзо промешајте, претурете ја смесата во тавата за печење и изравнете ја со лажица. Печете во рерна на 150 степени околу половина час. Колачот изладете го, попрскајте го со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и оставете го да отстои во фрижидер.

x

Check Also

Превкусна мусака од зеленчук

Подгответе ја мусаката на поинаков и здрав начин и уживајте во нискокалоричното ...