Посни печени пиперки полнети со грав

Продолжуваме со вкусни а посни рецепти. Овојпат ви предлагаме да зготвите печени пиперки полнети со грав.

Потребно е – 500 грама грав, 4 главици кромид, 8 кисели бабури (пиперки) може и од туршија, црн пипер, малку масло.

Подготовка

Гравот сварете го со исечканиот кромид и исцедете го. Смелете ги или изгмечете ги, па додадете го маслото и црниот пипер. Со таа смеса наполнете ги бабурите.

Преостанатиот грав ставете го на тава за печење па преку него наредете ги пиперките и печете ги 20- на минути во рерна.

x

Check Also

15 корисни совети за успешно и лесно готвење!

Што е тоа што секоја трпеза треба да го има? Сол и ...