Посно, брзо, вкусно: Торта од ванилин пудинг, банана и кокос

Тортата се подготвува многу брзо, едноставна е за правење, а вкусот е поезија!

Потребни намирници – 2 ќесички пудинг од ванила, 125 гр маргарин, 200 гр шеќер во прав, 300 грама посни кекси, 5 лажици кокос, 3 банани, 1 ќесичка шлаг (вода според упатството).

Подготовка

Сварете го пудингот во 6 дл вода и оставете да се излади. Во изладениот пудинг додадете маргарин изматен со шеќерот во прав. Изедначете ја смесата, па додадете го кокосот, иситнетите кекси и бананите исечкани на кругови. Убаво измешајте, претурете во тацна и обликувајте ја тортата со раце. Премачкајте ја со шлаг изматен со вода и ставете ја тортата во фрижидер да се зацврсти.

x

Check Also

Нови, XL пакувања од Жито лукс

Омилените лебови на парчиња од Жито лукс штотуку станаа побогати со новите ...