Посно ем превкусно: Палента во сос од печурки

Барате инспирација за посни јадења? Повелете рецепт кој вреди да го подготвите.

Намирници – 160 грама праз или кромид, 650 грама домати, 400 грама свежи шампињони, 200 грама варен домат (или купено доматни пире), 15 грама сечкан магдонос, 15 грама сечкан лист од целер, 200 грама палента, 3-4 чешниња лук, 0,5 дл бело вино, 120 грама леќа, малку сол, босилек, зачини по вкус.

Подготовка – Палентата сварете ја според упатството на ќесичката. Претурете ја во тепсија и кога ќе се излади исечете ја на коцки. Сварете ја леќата. Празот или кромидот ситно исечкајте го и динстајте на масло додека омекне. Додадете ги шампињоните (исечкани на листови) и динстајте уште 10-на минути, а потоа додадете ги доматите на кои претходно сте им ја излупиле кората (засечете ги доматите и потопете ги во топла вода 1 минута за лесно да ги излупите). Додадете го ситно сечканиот лук, динстајте уште 30-на минути, па на крајот додадете го доматното пире и сварената леќа, и се заедно внимателно измешајте. Сосема на крајот додадете го белото вино и зачинете со босилек. Со добиениот сос прелијте ја палентата.

x

Check Also

Грчки колач – Портокалопита по оригинален рецепт

Подгответе го традиционалниот, превкусен колач о Грција, по оригинален рецепт. Потребни намирници ...