Постигната е рекордна ЏОКЕР добивка во вредност од 4.351.944 денари

Новата Лото игра со второ изненадување во второто извлекување

Велигденското коло, второ по ред од почетокот на приредување на играта ЛОТО 7, реализирано на 27.04.2019, донесе ново изненадување. Овој пат, главниот збор го имаше играта ЏОКЕР.

Играта ЏОКЕР, по девет години приредување како дополнителна игра, уште во второто коло од своето осамостојување, не почести со долгоочекуваната премија за Џокер со 6 погодоци.

Премијата изнесува 4.351.944 денари, а според податоците од системот, добиена е со уплата на само еден Џокер, во вредност од 20 денари. Уплатата е извршена на продажното место ТОЛАКС – КИОСК М, на плоштад Македонија во Скопје. Очигледно е дека се работи за лото играч, бидејќи нашиот Џокер добитник, на истото ливче одиграл 10 комбинации ЛОТО 7, а само еден Џокер.

Овој еден Џокер, му ја донесе премијата на нашиот среќен добитник, кој со нетрпение очекуваме да го запознаеме и искрено се надеваме дека ќе се согласи да ја сподели својата среќна приказна со нас.

Како за потсетување, од почетокот на приредување Лото и ЏОКЕР, ова е најголемата Џокер премија. До сега беа постигнати вкупно шест Џокер премии од кои две во Дечево, две во Скопје, една во Струмица и една во Берово.

До сега најголемата Џокер премија беше постигната во 2016та со вредност од 3.221.285, во Струмица.

Оваа 7ма Џокер премија и прва од почетокот на ЛОТО 7, постигната на 27.04.2019 е најголема Џокер премија во историјата на Државна лотарија.

Во игрите ЛОТО 7  и ЏОКЕР може да се учествува со уплата на било кое уплатно-исплатно место на Државна лотарија ширум земјата. Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, претходна потврда за уплата, да побара вербална уплата или Quick Pick. Уплатата на една Лото комбинација од седум броеви, изнесува 20 денари, а исто така и уплатата на еден Џокер број.

Под среќна ѕвезда – е слоганот на играта Лото 7, кој веќе им носи среќа на многу играчи и чувство дека навистина застанале под среќна ѕвезда. 

Во првото коло од ЛОТО 7 ја добивме најголемата премија за добивка до 6 погодоци, а веќе во второто коло ја добивме и најголемата ЏОКЕР премија.

Фондот за ЏОКЕР со 6 погодоци од сега е гарантираниот фонд во износ од 600.000 денари

Во играта ЛОТО 7 играме за премија вредна близу 29.000.000 денари.

x

Check Also

Таканаречениот 200 Амстердам е нов облакодер кој „никнува“ на Мехнетен, а ќе ...