Постојано се дебелееш? Како тоа да се спречи

Според новото британско истражување, луѓето во текот на есенските месеци во просек се дебелеат 2,2 килограми, а за тоа има неколку причини – прекинување на летната диета, намалена телесна активност и избор на потешки намирници и оброци. На ова во прилог одат и тмурните дождовни денови поради кои изборот е седење пред телевизор со грицки.

За среќа, постојат неколку добри и едноставни навики со кои ќе спречите наталожување на килограми, без ригорозна диета.

Немојте премногу да спиете

Јасно е, топлото летно време полесно ќе не убеди рано да станеме од кревет и да бидеме продуктивни, додека се пократките есенски денови ни предизвикуваат желба порано да си легнеме и подолго да останеме во кревет. Но тоа не значи дека треба да ги преспиеме и мрзеливо да ја чекаме пролетта. Имено, премногу сон негативно се одразува на килограмите зашто со спиење нема да потрошите доволно калории кои сте ги внеле во текот на денот. Имајте предвид дека седум часа сон се доволни.

Внесете физичка активност во распоредот

Не велиме дека со доаѓањето на есента морате да се запишете во теретана, но некој вид на физичка активност секако е пожелна. Ние ви предложуваме трекинг (одење, трчање или планинарење) на природни терени. За оваа активност доволни ви се само добрата волја и соодветна облека и обувки – јакна која не пропушта вода и ветер и чевли за трекинг.

Изберете што ќе јадете

Сигурно барем еднаш во животот сте ја слушнале изреката „тоа си што јадеш“. Имено, правилен избор на намирници е клучен за нормално функционирање на организмот бидејќи храната дава енергија и хранливи состојки на нашето тело. Така, кога одбираме есенско мени немојте да се фаќате само за силната и мрсна храна која моментно ќе ве засити, туку комбинирајте ја со многу зеленчук и здрави намирници. И секако, внимавајте на количината на храната во линијата.

Избегнувајте слатки напивки

Доаѓањето на есента често значи и засилено уживање во топлите напивки кои неретко с епреполни со рафиниран шеќер и „празни“ калории. Без разлика дали станува збор за чаеви, топла чоколада или кафе, секога избирајте незасладени верзии. Ако не можете без шеќер, заменете го со поздрави варијанти, како мед, јаворов сируп или кокосов шеќер – така ќе направите услуга на своето тело.

x

Check Also

Диета со зелка – совршена за топење на мастите во студените денови

Како да се ослободите од вишокот килограми во текот на есента и ...