Потпечен модар патлиџан полнет со зеленчук

Лесно летно мени кои се подготвува брзо. Овој нискокалоричен ручек веруваме дека многу ќе ви се допадне.

Потребни ви се – 3 краставици, 2 модри патлиџани, 2 пиперки, 2 главици кромид, 3 големи домати, 4 лажици маслиново масло, 1 лажица сушена мајчина душичка (или едно гранче), 2 чешниња лук, сол, црн пипер, морско оревче.

Подготовка

Измиената краставица исечете ја на кругови со дебелина од 1 сантиметар. Излупете го модриот патлиџан (оставајќи ја секоја втора лента неизлупена), исечкајте го на коцки. Измиената пиперка исечете ја на четвртини и извадете ги семките. И излупениот кромид исечкајте го на кругови. Доматот излупете го и исечкајте го на ситни коцки.

Маслото загрејте го во тенџере. Потоа, додадете го зеленчукот, промешајте и динстајте 3 минути. Посолете, додадете мелен црн пипер, морско оревче, мајчина душичка и лук.

Покријте го тенџерето со капак и динстајте на тивок оган 40 минути. Извадете ги чешнињата лук и послужете го топол специјалитетот со зеленчук.

Доколку не сте на диета, послужете го со телешки шницли.

x

Check Also

Моќен природен лек што спречува хипертензија и го намалува холестеролот

Смесата подготвена од сусам е многу лековита храна, која освен што можете ...