Потпечен сладок компир полнет со мелено месо и зеленчук

Рецепт кој може да го подготвите за ручек или за вечера, а најдобро е да уживате во него во друштво со пријателите.

Потребно ви се – 4 слатки компири, 300 грама мешано мелено месо, 1 кромид, 2 лукa, 1 конзерва сечкани излупени домати, сол и црн пипер по вкус, половина лажичка ким, половина лажица чили, 1 сечкана чили пиперка, 4 парчиња млад кромид, кашкавал, маслиново масло.

 Подготовка

Рерната вклучете ја на 200 степени. Слаткиот компир убаво измијте го за да ги отстраните сите нечистотии. Завиткајте го во алуминиумска фолија, наредете го во тавата за печење и печете околу 1 час и 15 минути. Дали е печен проверете со чепкалка.

Додека компирот се пече, подгответе го филот. Лукот и кромидот ситно исечкајте ги. На малку маслиново масло во тавче пропржете го кромидот, па додадете го меленото месо. Кога месото ќе добие боја, додадете ги доматите, додадете го и лукот и зачините. Помешајте и оставете да се крчка на средна температура додека не се згусне. Од време на време промешајте. Пред крај додадете уште зачин по вкус.

Кога компирот ќе биде испечен, внимателно извадете го од фолијата, ставете го на чинија за сервирање, па засечете го на средина, но не од крај до крај. Наполнете го со месото, и најгоре наросете рендан кашкавал, сечкана чили пиперка и сечан млад кромид.

x

Check Also

Супер десерт наместо сладолед: Замрзнат јогурт

Овој вкусен и лесен десерт се подготвува брзо и едноставно. Се што ...