Потпечен спанаќ со сирење и кашкавал

Уживајте во поинаков вкус на спанаќот.

Намирници – 2 лажици маслиново масло, 6 јајца, 1 чаша млеко (полномасно), 150 грама кашкавал, 1 мала лажичка сол, малку црн пипер, 200 грама интегрален леб, 300 грама спанаќ, 1 кромид (црвен), 200 грама козјо сирење.

Подготовка

Намачкајте  го садот за печење (садот со големина околу 20 на 20 см) со маслиново масло. Изматете ги јајцата, додадете го млекото, изренданиот кашкавал и зачинете. Лебот исечете го на ситни коцки и додадете го (уште подобро ако лебот е од вчера или потврд багет). Убаво измешајте за лебот детално да се обложи со смесата. Потоа, префрлете ја смесата во садот за печење и оставете ја настрана.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во поголема тава загрејте 2 лажици маслиново масло и на него запржете го малку спанаќот заедно со кромидот и зачините (сол и црн пипер). Пржете околу 10-на минути. Таквиот спанаќ додадете го во смесата за печење, а на крајот додадете го козјото сирење. Печете околу половина час.

x

Check Also

Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ...