Потпечен спанаќ во кремаст сос

Подготовката на спанаќ со млеко претворете ја во посебно јадење на кое секогаш со задоволство ќе се враќате.

На комбинацијата додадете гауда или некој друг мек кашкавал по желба, зачинете со омилените зачини и ставете го во рерна за да фати крцкава коричка. Може да го послужите со пире-компир.

 Намирници – 800 грама спанаќ, 1 кромид, 3 лажици лебни трошки, 100 грама кашкавал, 50 грама путер, 2 лажици брашно, 250 мл млеко, прстофат мускатно оревче, сол и црн пипер, бешамел сос.

Подготовка

Во лонец загрејте вода до вриење. Во водата ставете го исчистениот спанаќ и варете околу три минути. Потоа, убаво исцедете го. Во посебен сад стопете го путерот и додадете го брашното. Во смесата од путер и брашно додадете го млекото. Добро измешајте за да не се појават грутки. Зачинете со сол, црн пипер и мускатно оревче. На крајот додадете 70 грама од кашкавалот, измешајте за да се растопи. На тава загрејте масло и исечкајте го кромидот. Пржете додека кромидот омекне околу 3 минути. Додадетедве чешниња лук. Потоа, додадете го и бланшираниот спанаќ и гответе уште една минута. Тргнете го спанаќот од оган и додадете бешамел сос. Смесата префрлете ја во сад за печење и посипете со лебни трошки. Наросете на крајот и од остатокот од кашкавалот. Печете го загреана рерна на 200 степени додека јадењето добие златна боја.

x

Check Also

Четири здрави рецепти од коприва кои мора да ги пробате

Листовите коприва се најдобри состојки за детоксикација, ја прочистуваат крвта, ја подобруваат ...