Потпечена тиква полнета со мелено месо и ориз

Ви здодеа од некреативни оброци? Ова неодоливо јадење се подготвува едноставно, а е вистинско задоволство за целото семејство.

За подготовка потребно е – 1 тиква, 500 грама говедско месо, 50 гр ориз, 1 кромид, 1 морков, лажичка мелен бибер, лажичка зачин од сушен зеленчук, малку масло, сол, бибер.

Подготовка

Тиквата исечете ја на врвот, внимателно исчистете ја од семките, па делумно издлабете ја средината.

Ситно исечкајте ги кромидот, а морковот и остатокот од „месото“ на тиквата изрендајте ги.

На малку масло пропржете го кромидот, меленото говедско месо, морковот и тиквата. Динстајте додавајќи вода, а потоа додадете го и оризот и измешајте. Зачинете по желба.

Со смесата пополнете го испразнетиот дел од тиквата. Затворете го горниот дел со фолија и ставете ја во премачкана со масло тепсија. Во тепсијата додадете и малку вода.

Печете ја полнетата тиква во претходно загреана рерна.

x

Check Also

Пробајте ги овие ТРИ НАЈПРЕФИНЕТИ РЕЦЕПТИ (на сите времиња)

Какви услови треба да задоволи едно јадење за да ја добие титулата ...