Потпечени полнети домати на ерменски начин

Подгответе ги дома сами „ерменските домати“ и дегустирајте ги во друштво, зашто ваква гастрономска убавина мора да се сподели.

Од состојки ви се потребни – 8 домати, 4 лажици маслиново масло, 1 главица ситно сечкан кромид, 1 страк ситно сечкан праз, 500 грама варен ориз,100 грама суво грозје, ½ врзоп сечкан магдонос, 1 лажица ситно сечкано свежо нане, морска сол, мелен црн пипер, 2 изгмечени чешниња лук, 125 милилитри бело вино, 125 милилитри зеленчукова супа од коцка, 500 грама спанаќ.

Подготовка

На доматите отсечете им ги капаците и издлабете ги за полнење. Издлабениот дел ситно исечкајте го. Кромидот и празот пржете ги додека не добијат златна боја. Во тавата додадете ги оризот, исечканите домати, сувото грозје, магдоносот, нането, солта и мелениот црн пипер, па добро промешајте.

Наполнете ги доматите и покријте ги со капаците. Измешајте ги лукот, супата и белото вино, па со оваа мешавина прелијте ги полнетите домати.

Печете во рерна 20 минути.

Исчистениот спанаќ прелијте го со врелиот сос од тавата за печење. Врз спанаќот сервирајте ги полнетите домати и прелијте ги со преостанатиот сос.

Послужето со моцарела или бело сирење. Дегустирајте со чаша бело вино

x

Check Also

Пица горгонзола за пријатен викенд ручек

За да ја подготвите оваа необична вкусна пица со вкус на горгонѕола, ...