Потпечени тиквички со печурки и моцарела

Претпоставуваме, тиквички сте пробале на најразлични начини, но овој рецепт ќе ве освои „од прва“.

Намирници – 300 грама печурки, 4 помали тиквички, 1 филџан ориз, 4 чешниња лук, 70 мл масло, сечкан магдонос, сол и црн пипер, 200 грама моцарела.

Подготовка

Печурките исчистете ги и измијте ги, тиквичките излупете ги и исечкајте ги на кругови. На дното на подмачканото тавче ставете ги цели печурките, преку нив – посолените тиквички, па распоредете го оризот, наросете мирудии и зачини, додадете го ситно исечканото лукче, па полијте со две чаши вода. Додадете го маслото и ставете во рерна да се пече. 15-на минути пред крајот на печењето додадете ја најгоре моцарелата исечкана на тенки кругови. Печете додека се растопи. Пред сервирање наросете малку исечкан магдонос.

x

Check Also

Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт ...