Поттикнете ја фантазијата на вашето детенце, еве како

Процесот на фантазијата е под силно влијание од желбите. Психолозите тврдат дека децата почнуваат да ја развиваат својата фантазија веднаш штом ќе станат свесни за светот околу нив . Како што детето расте и се развива, границата помеѓу фантазијата и реалноста станува појасна и детето самостојно одлучува дали и кога ќе ја премине.

Дете на возраст од една година

– Разговарајте со вашето дете постојано, без оглед на неговата возраст. Разговарањето и опишувањето на ситуациите, луѓето и работите кај децата на оваа возраст игра многу важна улога во развојот на многу процеси , па така и на фантазијата.

-Играјте со вашето дете. Дете на возраст од една година почнува да ја развива и усвојува играта. На таа возраст, вие сте нивната омилена играчка , водејќи ги процесите на развој. Секое дете е личност за себе и има свои афинитети, препознајте ги и охрабрете ги тие афинитети преку игра, а вашето дете ќе ви биде благодарно.

– Читајте книги или барем гледајте слики, на овој начин вашето дете ќе добие ново знаење визуелизирано во бои. Слушањето приказни и зборови ќе резултира во побрз и поквалитетен развој на говорот.

– Однесете го детето во парк, природа или меѓу други деца. Иако, можеби не изгледа така, но детето го апсорбира светот околу себе. Покрај непобитен здравствен ефект, претојувањето на отворено во паркот меѓу децата или во природа, има корисен ефект врз развојот на детската фантазија.

Дете на возрст од две години

-Подгответе книги, боенки, задачи и започнете со авантура на цртање, боење и броење . Можеби на почетокот, вашето дете нема да биде вешто, но со тек на времето ќе се претвори во вистински мал уметник кое замислено користи бои и форми. Наградете ги неговите обиди и покажете му колку ве привлекуваат и веселат, иако можеби не ја препознавате содржината. На тој начин на вашето дете ќе му овозможите дополнителна мотивација да биде уште подобро со својата фантазија.

– Погрижете се играчките што ги купувате за вашето дете да бидат креативни и едукативни. Набавете коцки за градење, сложувалки и слични играчки со кои низ игра ќе го охрабрите детето да ги решава задачите на свој својствен начин . Овозможете му на вашето дете интересна и едукативна содржина во текот на денот и не дозволувајте му да поминува премногу време пред телевизорот.

– На вашето дете читајте му приказни, пејте му песнички, сложувајте рими и дозволете му на детето да замисли што е прикажано на сликите и тоа да ви го објасни на начин на кој го гледа.

– Играјте со звуци за имитација на животни и други работи кои се познати за детето, играјте криенка и барање, маскирајте се и вашето дете ќе биде среќно и благодарно.

Дете на возраст од три години

– Однесете го детето на куклена претстава. По завршувањето на претставата разговарајте околу тоа како вашето дете ја доживеало приказната, а како сте ја доживеале вие. Дозволете му на вашето дете да се изрази, колку тоа да е несмасно и да одзема време. Секое следно изразување ќе биде полесно и подобро, а вашето дете за многу кратко време ќе биде во состојба да опише што видело и доживеало во светот околу себе со свои зборови.

-Гответе со вашето дете, сложувајте коцки, изработувајте украси за празниците, боите со водени боички , правете модели од пластелин. Дозволете му на вашето дете да се извалка. Можеби вашиот дом нема да биде најчист, но ќе имате среќно и благодарно дете.

По четврата година детето ќе има развиено афинитети, ќе ги познава своите омилени цртани филмови, ќе прераскажува приказни за добра ноќ. Вашето дете веќе си развило свој свет и постојано се враќа на имитирање омилени ликови, играње на посложени игри само или со негови врсници. На возраст од околу четири и повеќе години, детето е способно да игра само, иако доколку сакате да се вклучите во играта, никогаш нема да ве одбие. Сепак, вие сте омилена и неисцрпна играчка на вашето дете, која никогаш не станува застарена и не излегува од мода.

До претшколкса возраст децата не се во состојба секогаш да разликуваат вистински од измислен свет. Нивната фантазија тогаш е најинтензивна и треба најмногу да се охрабруваат. Меѓутоа, секогаш треба да го контролирате во играта во светот на фантазијата да не ја премини границата на сигурноста и дозволеното.

Кога децата ќе почнат да одат в училиште не е лошо да се запишат на некоја активност каде можат креативно да се изразат преку игра и учење.

Некои од придобивките на фантазијата во развојот на децата

-Фантазијата го потикнува развојот на интелегенција и способноста за снајдување во различни ситуации.

-Децата кои имаат богата фантазија, помалку се наклонети на кавги и конфликти и воопшто поинтересно го поминуваат своето време.

-Фантазијата поттикнува подобра концентрација.
-Фантазирањето е многу сликовито и со тоа е соодветно за развивање на детскиот речник.
-Раната способност за фантазирање може да предизвика креативност која трае целиот живот.

 

x

Check Also

Имате проблем со неподнослив јадеж? Нашиот предлог е Eucerin®AtopiControl Спреј за смирување на јадеж

Во летниот период особено често се сретнуваат убоди на кожата од инсекти, ...