Повеќе бои, Есма!

Случајно ми „паднаа“ при рака некои фотографии од Евровизиската промоција во Амстердам на македонските  претсавници за Евросонг во Малме, Есма и Лозано. Секако, имам коментар.

Незлонамерен совет. И не сакам да ги прескокнам или негирам костимографите во македонскиот национален телевизиски сервис, доколку биле воопшто консултирани. Сепак, сметам дека изборот на гардеробата на Есма е комплетно промашен, барем за сега.

esma 1

Во црна комбинација со лилакови детали таа изгледа многу „повозрасна“ и ништо тука не е во согласнот со прекрасното шаренило на традиционалната ромска облека (ако е веќе присутна, нели).

Со оглед на тоа што и делот кој го изведува од песната е на ромски јазик, неопходна е складност меѓу тоа што го „кажува“ и тоа што го пренесува, презентира, прикажува.  Инаку, писмената задача (гласот) е за петка, ама темата ќе остане утната. За жал, и тое е Евросонг. Комлетноста, претставувањето, идејата, темата, реализацијата, најпосле и први можеби- гласачите…

esma 2

Значи, ако некој меѓу другото се промовира како „прв интерпретатор на Евросонг кој пее на ромски јазик“, јас лично би била како гледач задоволна ако тоа е до крај по ромски (јазик) и изведено. Тука, мислам и на гардеробата.

Совет- што повеќе бои на тебе Есма, тоа подобро!

Лозано би го советувала да користи што повеќе македонски производи при изборот на гардеробата за да не ја повтори грешката на минатогодишната претставничка.

Да се потсетиме, минатата година Калиопи Букле ја претставуваше Македонија во костум од марката „Армани“. И прекрасно изгледаше во него, многу елегантно, но сметам дека пејачката ја испушти можноста на сцената, промовирајќи ја Македонија, да промовира и некој од одличните македоснки креатори. Штета.

Најпосле, им посакувам многу успех на македонските претставници на Евросонг. Господин Армани, не знам дали ќе го следи „случајот“, ама многумина ќе гледаат будно.  Затоа, не пропуштајте да бидете свои.

М. Бенети

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...