Прада ја претстави кампањата за пролет/лето 2014: Повеќе е повеќе!

Повеќе е повеќе е мотото на новата кампања на Прада, која за овие потреби ангажираше модели во подем.

prada 3

Пред објективот на славниот американски моден фотограф Стивен Мајсл застанаа Ана Еверс, Синди Бруна, Сабрина Јофреда, Аманда Марфи, Ашли Гуд, Офели Гулерманд,  Лекси Болинг, Ола Рудницка,  Џулија Бергшоф и Лиеке ван Хутен. Ниту едно име, претпоставуваме, не ви е познато, но овие се лицата за кои ќе слушаме годинава.

prada 2

Во колекцијата на Прада за сезоната пролет/лето доминираат контрастите, боите, детаљите, пренатрупаноста. Накусо, повеќе е повеќе!

 

x

Check Also

Поглед на празничната колекција на MANGO

Декемвриската сезона на празнични денови е пред нас, па време е да ...