Уште кога ги отвори своите врати Бурџ ал Араб ги освои сите престижни насловни страници како прв хотел со седум ѕвезди изграден на Блискиот Исток.
Набргу хотелот стана иконско обележје на Дубаи, нудејќи највисоко ниво на луксуз, сместување на гостите и гастрономски специјалитети.
Дизајниран е во облик на арапска едрилица која плови, со иновативна надворешност и богат ентериер кој со текот на времето ги привлече речиси сите светски славни личности, но и патниците кои сакаат да патуваат со многу стил.
Сепак, има нешто многу повеќе од луксуз во овој хотел, а тоа е неговото физичко присуство што го прави единствен.
Погледнете го првиот нацрт од хотелот и се ќе ви стане појасно.