Повеќе од половина милион прегледи за македонските претставници на Детска Евровизија

„Green Forces“ од „Дајте музика“ со развиорени македонски знамиња, на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат.

Минатиот викенд „Green Forces“ се сретнаа со албанската претставничка на Детскиот Eвросонг, популарната Ана Ѓебреа. Во студиото на Македонската телевизија, Ана пееше на македонски за спас на планетата Земја, а „Дајте музика” одговорија на албански: „Ќе бидеме покрај тебе!“

Песната на албанската претставничка Ана Ѓебреа ја третира темата за врсничко насилство, со наслов Stand by You („Ќе бидам покрај тебе”). Во најновото видео постирано на социјалните мрежи, децата од „Дајте музика” му се заблагодарија на организаторот на Детскиот Евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.

Музиката за „Green Forces“ ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“. Детскиот Евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 г. во Париз, Франција.

x

Check Also

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија. По најавата за емитувањето ...