Повик за учество во интердисциплинарната работилница за уметничка критика во рамките на јавната програма на изложбата „Скопје, одново“

Музејот на современата уметност – Скопје ги повикува сите новинари и новинарки од областа на културата, но и сите оние кои би сакале професионално да пишуваат за уметноста и културата, како и студентите и студентките кои се во завршната година од студиите по историја на уметност, книжевност, новинарство или сродни општествени и хуманистички науки, да се пријават на интердисциплинарната работилница за уметничка критика во рамките на изложбата „Скопје, одново“.

Во рамките на јавната програма на „Скопје, одново“ (Shkupi, ringjallje / Skopje Resurgent), која е поддржана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, кураторскиот тим на изложбата организира и неколку работилници, меѓу кои е и дводневната работилница за критичко пишување во контекст на уметноста и културата.

Работилницата е од интердисциплинарен карактер: до 15 учесници и учеснички ќе работат под менторство на Кат Хериман, новинарка од САД со стручно познавање на темите и обемно искуство во уметничката критика.

Работилницата ќе се одржи на 16 и 17 ноември, од 12 до 16 часот во Музејот на современата уметност – Скопје, по што учесниците и учесничките ќе имаат обврска да ги финализираат текстовите за да може да се објават во неколку електронски и печатени медиуми за време на изложбата (18.11.2019 – 18.02.2020 година).

Учеството на работилницата е бесплатно. Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија и кратко мотивациско писмо (1 пасус кој објаснува зошто сакате да бидете дел од работилницата) на kumjana.novakova@msu.mk најдоцна до 11 ноември 2019.

 

x

Check Also

Неделен хороскоп (18. до 24.ноември): Топ знаци на неделата – Шкорпија, Вага и Стрелец

Оваа седмица и планетата Марс е во знакот на Шкорпија. Раковите, Овните ...