Добра вест за купувачите и фановите на Прада.
Италијанската луксузна модна куќа Прада се одлучи на смел чекор. Поради забележаниот пад на профитот во текот на минатата година, компанијата направи стратегија за добивка.
Почнувајќи од 1 јули во сите продавници на Прада низ светот, популарните чанти од оваа марка ќе бидат ставени на попуст од дури 40 отсто.
Со почеток на есента, на попуст ќе бидат ставени и најпопуларните модели од новата колекција.