И Прада во скандал за затајување данок

Скандалот околу затајувањето данок на модната куќа Долче и Габана стивна, но еве на повидок нов скандал. Станува збор за уште една голема италијанска модна куќа, Прада.

 

343.300.000 евра ги чинеше казната поради затајување на данок модната италијанска двојка Долче и Габана, а овојпат сличен скандал, според италијанските медиуми, се поврзува со гигантот Прада.

За сега италијанската модна куќа ги негира обвинувањата за затајување данок кои би можеле да ја чинат околу 400 милиони евра, како и давање на било каква изјава.

Расветлувањето на „случајот“ се очекува деновиве.

 

x

Check Also

Валентина Сампајо ја пишува историјата со Sports Illustrated

Валентина Сампајо од модната агенција Џој Менаџмент, која е првиот трансродов модел ...