Прајанка Чопра е првата Индијка на насловната на Вог

Да се биде на насловната на модната библија Vogue е престижна работа, особено на американското издание на Вог, а на глумицата Прајанка Чопра тоа и се посреќи.

Неодамна мажената убавица од Индија, поранешна мис на светот, ја има честа да биде на насловната на јануарското издание на американскиот Вог. Со ова, Чопра ќе биде првата Индијка која ја краси насловната на култниот моден магазин во неговата 126 годишна историја.

За убавата вест, глумицата се пофали на својот Инстаграм профил. Фотосесијата е реализирана од прочуената Ени Леибовиц, а едиторијалот е проследен со интервју за љубовната приказна на Прајанка Чопра насловена Кога Прајанка го сретна Ник (Џонас).

x

Check Also

Бебе Реџа позира во бикини: Вака изгледа жена на Инстаграм без фотошоп!

Популарната пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, позира во дводелен костим за ...