Линда Тол

Прајанка Чопра и Линда Тол носат сако и чизми од новата колекција на MANGO

Познатите лица продолжуваат да носат модни парчиња од омилениот „хај стрит“ бренд Манго.

Така, уште две славни имиња се придружија на бројната листа „манго-девојки“.

Прајанка Чопра

На њујоршките улици е фотографирана глумицата Прајанка Чопра во портокалово сако од Манго кое го комбинирала со фармерки со широк крој и трендовски чизми со „анимал“ принт. Изгледот е зачинет со предимензионирана чанта.

Популарното сако „манди“ од пролетната колекција на Манго го „прошета“ и холандската инфлуенсерка Линда Тол, позната по својот момчешки имиџ и андроген стил. Изгледот го надополни со бели високи чизми од Манго. Тол е фотографирана за време на модната недела во Лондон.

x

Check Also

Вистински Cyber Monday на Fashion Group со -30% попуст на се

Понеделникот кој сите го сакаме, вистински Cyber Monday на Fashion Group само ...