Прајанка Чопра се омажи во фустан од Ралф Лорен

Глумицата и поранешна мис на светот, Прајанка Чопра, и популарниот пејач Ник Џонас се венчаа во Џодхпур, во Раџастан во Индија.

На огромниот настан кој се случи во саботата, свадбата започнала со Мехенди церемонија – хиндуистички свадбен ритуал кој се случува на еден ден пред младенците да кажат „да“. За овој важен настан, Прајанка носела шарен фустан, дизајниран од индијски дизајнер. Комбинацијата е надополнета со многу накит и цветови во косата.

Свадбената церемонија во недела била според христијанската традиција, а венчаницата која ја носела Чопра е од Ралф Лорен. И костумот на Џонас е од истиот дизајнер. Сепак, за сега, нема фотографии како изгледале младенците во дизајните на Лорен.

Самиот креатор пак, им ја честита свадбата на Чопра и Џонас преку Инстаграм, но ни тој не објави фотографија од венчаницата.

x

Check Also

Меган Маркл организира „baby shower“ денес во Њујорк

Војвотката од Сасекс, според списанието Харперс Базар, денес (19ти февруари) закажала baby shower ...