Практично шкафче за Нивното Височество – чевлите!

Ако навистина имате дома над 20-на чифта чевличиња, или нешто помалку, можеби е ред да си го набавите и ова шкафче дизајнирано токму од идејата страст и нега за чевлите!

cevli 2

Шкафчињата Бабу (BaBoo Shoe) се елегантни и практични. Имаат повеќе од доволен простор за во нив да ги сместите сите ваши чевли, патики, чизми и папучки на едно место.

cevli 3

Просто неверојатно е колку малку заземаат простор од станот (или од претсобјето), а колку пара чевли собира во нив! Вкупно, 55 чифта, верувате? (вклучувајќи и чизми).

cevli 1

Е сега да, едно вакво шкафче чини 1.400 долари. Ама ги решава сите проблеми и во однос на просторот, сместувањето, дизајнот, естетиката и се разбира – чевличињата!

cevli 4

Кој сака нека повели за повеќе информации на BaBooShoe.com

cevli 6

cevli 5

Ј.К.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...