Најдоброто од 2014: Прашајте ги странците -Пет причини зошто Македонката е посебна жена

Ако прашате било-кој странец кој престојувал во Македонија, ќе ви одговори дека Македонката е прекрасна жена. Постојат многу причини да се вљубите во Македонија, но една од најголемите, велат, е самата таа – Македонката. И постојат многу причини да се вљубите во една Македонка, ама најважните, велат, се овие пет.

makedonka 4

Убава е и има стил

Не само што е природно убава туку ја следи и модата и знае како да се облече. Иако не може да си дозволи скапоцени модни марки, успешно се снаоѓа во комбинациите на парчиња најчесто купени на голема распродажба. И знае гордо да ги носи!

Има страст

Генерално, жените се поемотивни од мажите, барем така тврдат анкетите. Сепак, Македонката е екстремно емотивна и нема да ја сокрие страста. Лесно може да се расплаче на некоја романтична песна, а може тоа да го направи и без причина, ако „попреку“ ја погледате. Ако ја гушнете, веднаш ќе ви прости за се и…ќе се распаче од среќа.

makedonka 3

Ја сака храната

Едноставно, ужива во храната, па и во готвењето. Доколку ве повика на ручек или вечера ќе се воодушевите од гастрономските вештини на убавицата за која до пред малку сметавте дека поради негуваните нокти не е во можност ни да ги измие садовите. А на масата, од ајвар до пита. И веќе не е ни важно дали сама ги направила или побарала помош од мајка си.

makedonka 2

Забавна е

Можеби нема да ја убедите лесно вечерта да ја минете во театар или на опера, ама таа експресно ќе ве разувери дека не ви се потребни дополнителни актери за забава. Ќе ви препорача наизуст неколку ресторани и уште повеќе кафулиња. И нема да згрешите ако ја оставите сама да одбере каде да се забавувате. Оставете ја нека зборува зашто  има што да каже. И од еден монолог знае да направи совршена комедија. Ма, каков театар, таа сама по себе е драма!

Го сака семејството и децата

Речиси секоја Македонка сонува да стане мајка. Ретко која друга жена, како неа, би ја жртвувала кариерата на сметка на домот. Со децата е грижлива и топла, најчесто и многу попустлива. Ама таква е и со сопругот. Македонките го вреднуваат семејството веројатно повеќе од било кои други жени во светот. Па не не чуди што на момчињата мајката им е секогаш главната подвижна сила во нивните животи, а девојчињата кои секогаш во таткото го гледаат „кралот“, сепак најголемите свои тајни ќе ги доверат на мајка си.

И? Како да не ја обожавате!

М.Бенети

За илустрација на текстот се послуживме со фотографии на четири извонредни и успешни Македонки – Емилија Розман, Јована Нешова, Маја Илиоска и Даниела Петковска.

x

Check Also

Мрзлив викенд е да си шопингуваш од дома преку апликација на -15%

Недела е прекрасен ден да си бидете дома, да си уживате сами, ...