Празничен луксуз со црвена панделка – Нимен Маркус

Секоја година во бижиќниот и новогодишен каталог на луксузниот ланец на стоковни куќи, Нимен Маркус, се нуди супер-луксузна роба која (освен во каталогот) може да се најде и во најелитните продавници низ светот.

neiman

Секоја година за само една минута по објавувањето на каталогот се продаваат по 50 парчиња од ограничените (супер-луксузни) колекции. Курс за голф од милион долари е вообичаена понуда во каталогот, како и ограничените серии на БМВ кои се продаваат по цена од над 120.000 долари. Да, има и Лего коцки, ама специјални, зашто чинат и до 60.000 долари. Има и комплетна штала, на пример, со коњи, со одлична репутација кои се продаваат по цена од 10.000.000 долари!

neiman 3

Да се потсетиме, убиецот на Џани Версаче (во 1997 година) носеше Нимен Маркус костум од 30 илјади долари.

Но, постои и една легенда поврзана со оваа марка. Според приказната, една богата жена купила Нимен Маркус рецепт за чоколадни колачиња мислејќи дека чини 2 -ипол долари. Кога си ја проверила кредитната картичка сфатила дека станала „горда“ сопственичка на најскапиот рецепт за колачиња во светот, за кои и биле одбиени не две ипол, туку 250 долари. Така таа одлучила ова богатство да го сподели со светот, па го испратила во неколку илјади примероци до сите што ги познава. Нимен Маркус ниту ја демантираше ниту ја потврди оваа приказна, но сепак на официјалниот сајт го објави рецептот кој го купила жената.

neiman 4 Низ годините до сега, во каталогот на оваа луксузна марка видовме и продажби на рагби тимови, кои можете едноставно да ги купите и подарите за празниците.

Инаку, каталогот на Нимен Маркус пристигнува на 1.8 милиони адреси,  на еден месец пред божиќните празници.  Оваа каталошка празнична традиција стоковната куќа ја има започнато уште од 1926 година, а секоја година понудата се збогатува со се поскапи идеи за подароци.

Оние кои не се на листата на примачи на овој каталог, можат слободно да го нарачаат на интернет страницата на компанијата. Чини околу 15 долари.

Ј.К.

x

Check Also

Една супер година со Superdry! В сабота суперзабава на Водно

Супер активација за еден супер роденден!   Британскиот бренд Superdry прославува една ...