Празнична колекција на MANGO, сезоната на забави пристигнува! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Популарната шпанска модна марка Манго ја претстави колекцијата дизајнирана за декемвриската празнична сезона, полна со забави и прослави.

Дизајнерите од Манго предлагаат да се дотераме пред празниците и за време на празниците, но и да ја искористиме секоја прилика во декември за дотерување, без разлика дали одиме на утринско кафе, на попладневна прошетка со домашното милениче- кучето, па дури и на пазарување во самопослуга. Може дотерани да се качиме во автобус, да се појавиме на работното место, да прошетаме низ градските улици на високи потпетици, облечени во плишан фустан…

Па, празниците се ближат, а празничната атмосфера ја создаваме ние со нашиот моден изглед. Затоа, додадете свечена нота на модните комбинации во текот на декември и славете ја празничната сезона.

Во празничната колекција на Манго доминираат темните тонови, елегантните црвена и сива нијанса, како и црвената. Од изборот за дотерување тука се миди и мини фустаните, свечените панталони и блузички, бундичките од вештачко крзно, раскошните џемпери, светкавите модни парчиња.

Од материјалите пак, доминира плишот, сатенот, свилата и вештачкото крзно.

Не заборавајте ниту на модните додатоци! Во понудата се прекрасни, мали, свечени чантички, црни елегантни сандали украсени со светки, кратки чизмички во диско-сребрена нијанса, ремени со нагласени токи…

Што ни носи Манго за сезоната на забави, погледнете во фотогалеријата.

 

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...